28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗапочнете самостоен проект без да дадете отказ од моменталната работа

Започнете самостоен проект без да дадете отказ од моменталната работа

Сакате да започнете со некој свој проект, но не сакате да дадете отказ на работа?

И тоа е можно, иако често се чини дека е невозможна мисија. Ви претставуваме 4 корисни совети…

1. Бидете специфични

Што е тоа што сакате да го направите? Како мислите да го постигнете тоа? Како луѓето ќе дознаат за тоа? Дефинирајте го точно она што го сакате, тоа е првиот чекор и инспирација за понатака.

2. Поставете цели

Запрашајте се: Што сакате да постигнете? Бидете прецизни, направете план чекор по чекор, а потоа и распоред. Звучи застршувачко? Запомнете, поставувањето на временски рокови е одлично доколку тоа ве принудува да ги обавувате работите навреме, без одложување.

3. Проверете го распоредот

Време за такви работи, морате да пронајдете тогаш кога нема да бидете сконцентрирани на состаноците и роковите на моменталното работно место. Ако сте вистински среќник, можеби во текот на работниот ден ќе успеете да обавите и неколку задачи, без вашата главна работа да страда. Но, веројатно е дека ќе морате да се откажете од некои работи во слободното време: заминувањето на кафе, викенд надвор од градот, посетување на теретана и сл.

4. Штедете пари

Морате да имате финансиски план, кој подразбира во секој момент да знаете дали имате доволно или како ќе соберете пари за својот проект. Секогаш морате да имате малку заштедени пари, поради можноста од ненадејни трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП