Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.50 -1.16%    KMB 3,397.19 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

По два месеци чекање, повторно е време за химната на ЛШ

Време: 13:30

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лигата на Шампионите се враќа со првите два натпревари од осминафиналето. Во поинтересниот дуел, финалистот од минатата сезона, Јувентус го пречекува Тотенхем. Додека на втората средба денеска, Базел е домаќин на Манчестер Сити.

Погледите се насочени кон Торино, каде што „Спарс“ прв пат гостуваат. Букмејкерите им даваат приоритет на „бјанконерите“, но нивниот ривал не треба да се потценува.

Тотенхем беше дел од силното претставување на англиските клубови во текот на есента, па така за прв пат Премиерлигата има пет тима во осминафиналето. Составот од Лондон стекна уште поголема самодоверба откако излезе како победник во една од најтешките групи, во која беа уште шампионот од последните две сезони Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Тотенхем влегува со расположение на натпреварот, откако го победи Арсенал во дербито на градот во текот на викендот.

Јувентус, исто така е во одлична форма, а по колебливиот почеток на сезоната успеа да консолидира и влезе во тесна трка со лидерот Наполи за првото место во Серија А. Долгата победничка серија донесе самодоверба кај „бјанконерите“, кои сепак имаат проблеми со отсутни фудбалери.

Масимилиано Алегри нема да може да ги користи Барѕали, Куадрадо, Дибала, Ховедес и Матуиди. Водечките напаѓачи на двете екипи – Гонзало Игуаин и Хари Кејн – се меѓу стартерите.

„Очигледно ќе бидам задоволен ако не дозволиме да примиме гол. Претстои долг натпревар, ќе треба да сме фокусирани и многу внимателни. Треба да користиме главите и техниката, бидејќи тие се силен физички тим“, изјави Алегри.

Според него, Јувентус пораснал многу, добивајќи доверба во Европа во последниве години. „Дојдовме два пати до финишот за три години и тоа е многу важно. Секогаш сум велел дека Реал е единствениот тим кој се претставувал подобро во последните сезони“.

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино истакна дека и покрај проблемите, Јувентус останува силен ривал. „Тие се топ тим. Да, вие ќе кажете дека ги нема Дибала, Барѕали, Куадрадо – толку важни играчи. Но, се разбира, Јувентус има фантастичен тим. Фудбалерите кои ќе се на теренот, имаат квалитетите да играат на начинот на кој тие го сакаат“.

На другиот натпревар, Манчестер Сити се чини дека е целосен фаворит. Во негов стил, Пеп Гвардиола рече дека краткорочната цел е да стигне до четвртфиналето.

„Имам целосна доверба во играчите, нема сомнеж во тоа. Тие го знаат тоа. Целта ни е да се претставиме подобро од минатата сезона, што значи да дојдеме четвртфиналето. Тоа ќе е доволно во краток рок“, изјави Шпанецот.

Според неговите зборови, „граѓаните“ се подобри во оваа сезона, во споредба со минатата година. Тој смета дека е важно тимот да ја контролира формата, затоа што турнирот е многу силен.

Осминафинале ЛШ први средби:

Јувентус – Тотенхем (20:45)

Базел – Манчестер Сити (20:45).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со повици од страна на нејзините инвеститори да направи поделба на акциите и да ја прошири својата база од…

  • Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

    Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

    Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека транспортерите на „Фени“ и закупецот на комбинатот, швајцарската компанија „Џи Сол“, ќе успеат да најдат заедничко решение…

  • Од светските резерви на злато 78% се сопственост на 20 земји

    Од светските резерви на злато 78% се сопственост на 20 земји

    20 земји имаат 78,23% од светските резерви на злато, а вкупно 33 земји имаат повеќе од 100 тони од овој благороден метал. Последните податоци од…

  • Сопственикот на Милан е пред банкрот?

    Сопственикот на Милан е пред банкрот?

    Банкнотираше сопственикот на Милан Ли Јонгхонг! Оваа вест ја објави еден од најреномираните италијански изданија „Corriere della Sera“. Во веста пишува дека бизнисменот е на…

  • Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

    Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

    Извозот на Јапонија расте за 14-ти месец по ред, благодарение на сериозното раздвижување кај хибридните автомобили и полупроводниците, соопштува „Ројтерс“. Ова и помага на земјата…

  • Солта помага против инфекциите

    Солта помага против инфекциите

    Солта, озлогласена по своето влијание врз здравјето, помага во борбата против инфекциите, покажа новото истражување, чии резултати се објавени во списанието Cell Metabolism. Внесувањето повеќе…

  • Opel го претстави Combo Life зa 2019-та (фото+видео)

    Opel го претстави Combo Life зa 2019-та (фото+видео)

    Претставен е и вториот од најавените 3 сродни модели на групацијата „PSA“ – „Opel Combo Life“, кој ја дели механичката платформа со „Citroen Berlingo“ зa…

  • Тасманиска вила од соништата (фото)

    Тасманиска вила од соништата (фото)

    Ако некогаш сте сонувале за живот на некоја егзотична дестинација, вилата која денес ви ја претставуваме, се наоѓа во Тасманија и може да биде вашиот…

  • Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

    Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

    Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе почне да се спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing. По…

  • Германски филмови во Кинотека

    Германски филмови во Кинотека

    Љубителите на филмот ќе имаат можност еднаш месечно, во текот на годината да гледаат германски филмови од различни жанрови, во Кинотеката на Македонија во рамки…