16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ризикувате за да напредувате?

Како да ризикувате за да напредувате?

Илезете од кутијата: Успешните луѓе не се кријат во зоната на удобноста туку ги тестираат своите граници, се соочуваат со стравовите и ризикуваат – се во име на напредокот и успехот.

Ако сте под стрес, досадно ви е, љубоморни сте, нервозни поради ситуацијата во која се наоѓате и постојано имате изговор зошто не напредувате, значи дека вашата зона на удобност ве кочи.

За да излезете од неа, прифатете го фактот дека не мора да бидете совршени. Ослободете се од правилата кои сте си ги наметнале со цел другите да ве прифатат. Направете нешто откачено за да се опуштите, па постепено започнете да се соочувате со стравовите. Сакате ли нешто да направите веќе подолго време, но никако да се помрднете од мртвата точка, пронајдете партнер или пријател со кој ќе започнете нешто. Така ќе ја проширите зоната на удобност, и ќе се впуштите во авантура.

Научете да ризикувате

Вашата зона на удобност ве држи „заглавени“ во место. Оставете ги очекувањата и прифатете ги резултатите од вашите дела. Разумно ризикувајте со нешто што не ви е жал да го загубите. Ако нешто загубите, ќе научите како да бидете успешни наредниот пат.

Дружете се со поинакви лица

Пријателите и колегите обично се бираат според заедничките интереси. За промена, пронајдете некој кој е „пооткачен“ од вас. Бирајте ги таквите луѓе, тие ќе ви помогнат да се ослободите во бизнисот. Бидете отворени и прифатете некои нивни идеи, колку и да звучат ризични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП