19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа против летното сметање на времето, дали Македонија ќе ја следи?

Европа против летното сметање на времето, дали Македонија ќе ја следи?

На дневниот ред на Европскиот парламент ќе дојде резолуцијата за летното пресметување на времето. Повеќето пратеници изразија потреба да разговараат за оваа тема, а неформален став е дека нема потреба да се менува часовникот во ова модерно време и дека треба да се укине.

Во резолуцијата, од Европската комисија се бара да ги испитаат трошоците и ефектите од поместувањето на часовникот, и ако Европската унија сака да ја укине пресметката за летото потребна е согласност од повеќето членови на ЕУ и од парламентот.

Скоро 70.000 луѓе во Финска потпишаа петиција за укинување на летното сметање на времето.

Факт е дека во денешно време, поместувањето на стрелките на часовникот не го прави општеството побезбедно, ниту пак штеди струја. Во минатото, домашно осветлување трошело најмногу електрична енергија, и со поместување на часовникот и присуството на сонцето до доцните вечерни часови заштедите биле навистина значајни. Денес, климатизерите и електрониката сè уште се значаен потрошувач на електрична енергија, но приспособувањето на работното време и навиките е така што повеќето луѓе се уште работат во текот на денот.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996 г. е регулирано со Закон за сметање на времето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП