Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.50 -1.16%    KMB 3,397.19 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Време: 11:06

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

Како што беше тоа случај и претходните години, Кирил и ова лето е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитета надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари и оние кои сакаат да бидат тоа. Млади спортисти кои во иднина треба да прераснат во врвни ракометари и добри личности.

Задовоство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надоградиме.

Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери“, изјави Лазаров.

Изминатите три години на кампот на најдобриот стрелец во историјата на ракометот поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од Босна, Данска, Шведска, Романија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција. Насмевката на нивните лица, задоволството кај нивните родители е најголема награда и сатисфакција за вложениот труд и посветеноста на тимот на Лазаров.

„Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот“, додаде Кирил Лазаров, носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени стартувајќи од 20 Јуни до 02 Јули 2018 година. Организаторот на кампот, агенцијата  „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот,  тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот  има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од данскиот произвоител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, нивната Веб страна www.kl7.mk  и фејсбук страната www.facebook.com/handballcampkirillazarov7 . 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со повици од страна на нејзините инвеститори да направи поделба на акциите и да ја прошири својата база од…

  • Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

    Анѓушев: Има добар предлог за транспортерите на „Фени“

    Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека транспортерите на „Фени“ и закупецот на комбинатот, швајцарската компанија „Џи Сол“, ќе успеат да најдат заедничко решение…

  • Од светските резерви на злато 78% се сопственост на 20 земји

    Од светските резерви на злато 78% се сопственост на 20 земји

    20 земји имаат 78,23% од светските резерви на злато, а вкупно 33 земји имаат повеќе од 100 тони од овој благороден метал. Последните податоци од…

  • Сопственикот на Милан е пред банкрот?

    Сопственикот на Милан е пред банкрот?

    Банкнотираше сопственикот на Милан Ли Јонгхонг! Оваа вест ја објави еден од најреномираните италијански изданија „Corriere della Sera“. Во веста пишува дека бизнисменот е на…

  • Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

    Извозот на Јапонија ја забележа најдолгата експанзија од пред 30 години

    Извозот на Јапонија расте за 14-ти месец по ред, благодарение на сериозното раздвижување кај хибридните автомобили и полупроводниците, соопштува „Ројтерс“. Ова и помага на земјата…

  • Солта помага против инфекциите

    Солта помага против инфекциите

    Солта, озлогласена по своето влијание врз здравјето, помага во борбата против инфекциите, покажа новото истражување, чии резултати се објавени во списанието Cell Metabolism. Внесувањето повеќе…

  • Opel го претстави Combo Life зa 2019-та (фото+видео)

    Opel го претстави Combo Life зa 2019-та (фото+видео)

    Претставен е и вториот од најавените 3 сродни модели на групацијата „PSA“ – „Opel Combo Life“, кој ја дели механичката платформа со „Citroen Berlingo“ зa…

  • Тасманиска вила од соништата (фото)

    Тасманиска вила од соништата (фото)

    Ако некогаш сте сонувале за живот на некоја егзотична дестинација, вилата која денес ви ја претставуваме, се наоѓа во Тасманија и може да биде вашиот…

  • Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

    Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

    Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе почне да се спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing. По…

  • Германски филмови во Кинотека

    Германски филмови во Кинотека

    Љубителите на филмот ќе имаат можност еднаш месечно, во текот на годината да гледаат германски филмови од различни жанрови, во Кинотеката на Македонија во рамки…