24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW производството на I.D. серијата ќе ја почне во ноември 2019-та

VW производството на I.D. серијата ќе ја почне во ноември 2019-та

Германскиот гигант „Volkswagen“ ќе го започне производството на првите едници од новата „I.D.“ серија на електрични автомобили во ноември 2019-та, а првите возила ќе бидат испорачани во текот на 2020-та.

Хечбекот со пет врати и пет седишта ќе биде првиот целосно електричен „VW“ од семејството „I.D.“, изработен на „MEB“ платформата.

„VW“ зацрта амбициозен план за продажба од дури 100.000 единици годишно од 2020-та, и покрај тоа што овој хечбек нема да биде понуден на северноамериканскиот пазар.

Во САД од серијата „I.D.“ прв ќе пристигне „SUV“ моделот наречен „CROZZ“.

Според првите најави сите „VW“ електрични модели ќе имаат домет од 400-600 километри, а користат електромотор од 125 Kw со погон на задните тркала.

Сепка, се очекува „VW“ да понуди и опција со погон на сите четири тркала. За 30 минути батеријата би требало да се наполни до 80%.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h би требало да биде за помалку од осум секунди, а максималната брзина до 160 km/h. Ќе има и можност за автономно возење со највисок степен.

„I.D.“ хечбекот ќе има пречник на кружен круг од 9,9 метри, а ќе го одликува исклучителнот управување. Концептот кој е претставен беше подолг, поширок и повисок од „Golf“, a внатрешноста е со големина како „Passat“.

„VW“ најави дека „I.D.“ моделите ќе имаат пристапна цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП