23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради отстранувањe одрони во прекин сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица

Поради отстранувањe одрони во прекин сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица

Поради отстранување на одрони во близина на село Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин во двата правци. Се користи алтернативен пат Кочани- Виница- Драгобрашта- Бигла- Македонска Каменица.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП