23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ги губи помладите корисници поради Snapchat

Facebook ги губи помладите корисници поради Snapchat

Во 2018-та година, помалку од половина од Американците на возраст меѓу 12 и 17 години ќе го користат „Facebook“ барем еднаш месечно, според студијата на „eMarketer“ со седиште во Њујорк.

„еMarketer“ објави дека очекуваат „Facebook“ да изгуби 2 милиони корисници на возраст од 25 години во оваа година, додека „Snapchat“ ќе ги зголеми своите корисници во оваа возрасна група за 1,9 милиони.

„Snapchat“ неодамна ја ажурираше апликацијата за полесно користење на услугата.

Промената ја задржа поделбата на социјалниот елемент од медиумите, една страница посветена на контакти со пријателите, додека другата содржи видео содржини од различни медиуми.

Зголемувањето на бројот на корисници на „Facebook“ доаѓа од постарите корисници, според студијата цитирана од „CNBC“.

„„Snapchat“, на крајот, може да забележи посериозен раст за постарите корисници, бидејќи ја менува својата платформа, па затоа е полесно да се користи“, рече Дебра Вилијамсон, аналитичар на „eMarketer“.

„Прашањето е дали помладите потрошувачи ќе продолжат да го сметаат „Snapchat“ како „кул“ ако нивните родители и баби и дедовци веќе имаат профили таму, што е тежината со која се соочува на „Facebook“ во моментов“.

„Facebook“ ќе продолжи да биде доминантна социјална мрежа меѓу двете во 2018-та година со 169,5 милиони корисници во САД, во споредба со 86,5 милиони за „Snapchat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП