20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМодерна рикша за брзо возење низ град

Модерна рикша за брзо возење низ град

skuter

Метежот во големите градови е дел од секојдневниот живот, а брзиот превоз со такси или автомобил е речиси невозможен. И додека мотоциклите и мопедите нудат можности за побрзо движење низ метежот, неможе секогаш да ги заменат автомобилите, особено кога некаде треба да се пристигне „сув“.

skuter1

Повеќе наменскиот скутер „VOI“ е возило кое тоа ќе го промени, а е дело на инженерите од техничките универзитети во Минхен и Нанјанг (Сингапур). Тие го дизајнираа така да скутерот нуди мобилност и пристапност, но и удобност и заштита за патниците од автомобилите. Скутерот изгледа како модерна верзија на рикша со кабина за патник кој седи напред, додека возачот е изложен на временските услови. Името „VOI“ на виетнамски значи слон, кој е симбол на сигурен и интелегентен начин на превоз.

skuter2

Додека на нивните интернет страни наведуваат дека кабината нуди дополнителна цврстина и ја подобрува сигурноста, ќе биде интересно да се види колку навистина патниците ќе бидат заштитени при незгода. Кабината за патниците е модуларна, па така наместо неа може да се вгради штанд за храна или кошница за превоз на товар. Инженерите истакнуваат дека и натаму ќе го развиваат овој прототип се додека не пронајдат идеално решение за сериско производство.

Спецификации:

Димензии: 2340 x 710 x 1320 mm

Опсег: 80 километри

Максимална брзина: 45 km/h

Превоз: Возач плус патник

Батерија: Li-Ion 48 V, 3 kWh

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП