29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X7 го прескокнува Париз, пристигнува во ЛА (фото+видео)

BMW X7 го прескокнува Париз, пристигнува во ЛА (фото+видео)

Во „BMW“ овие денови е премногу „живо“. Во продажните салони пристигнуваат нови и редизајнирани модели, како што се „X2“, „M5“, „i8 Roadster“, како и „BMW Seriеѕ 2 Active Tourer“.

Во продолжение годината ќе донесе уште поголеми возбудувања за љубителите на овој германски производител, со оглед дека пристигнува „BMW Serieѕ 8 Coupe“, новите „BMW Z4“ и „X4“, a како „круна“ на крајот ќе биде и најголемиот „SUV“ – „BMW X7“.

Концептната верзија на ова возило имаше премиера во септември 2017-та, и навести што можеме да очекуваме од продукцискиот модел. А кога станува збор за серискиот „Х7“, тој ќе дебитира во ноември 2018-та на саемот за автомобили во Лос Анџелес, дознава „Autocar“, повикувајќи се на извор од „BMW“.

Во тој случај, светската премиера сепак не би се случила на парискиот авто-саем кој се одржува еден месец порано во француската претстолнина. Изборот на Лос Анџелес за официјално деби на „BMW X7“ има смисла, со оглед дека северноамериканскиот пазар, заедно со кинескиот, ќе бидат најважниза продажбата на овој модел.

Покрај тоа, „X7“ ќе се изработува во погонот во САД, во Јужна Каролина.

Како што пишува „Autocar“, во почетокот купувачите ќе може да нарачаат само класични верзии на мотори со внатрешно согорување, меѓу кои се 4.4-литарски би-турбо „V8“, 3.0-литарски дизел и најверојатно „V12“ кој е резервиран за топ верзијата „X7 xDrive M60i“.

Подоцна понудата ќе биде проширане и со хибриден модел, кој ќе се комбинира со 2.0-литарски турбо бензинец и електромотор, кој ќе овозможува возење замо на струја и до 100 km.

Кога кон крајот на година ќе се најде во продажба, „BMW X7“ ќе биде ривал на „Mercedes GLS“, a на американскиот пазар и на моделите „Cadillac Escalade“ и „Lincoln Navigator“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП