29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајздравиот начин за подготвување на брокулата

Најздравиот начин за подготвување на брокулата

Еве како да ја подготвите брокулата така што од овој зеленчук ќе го извлечете најдоброто…

Брокулата е многу здрав (не особено вкусен, што е вистина) зеленчук. Добра е за видот, штити од артритис, го забавува ширењето на ракот на дојка, а добра е и во превенцијата и против болестите на срцето и крвните садови.

Ваквото позитивно влијание на здравјето научниците му го препишуваат на сулфорафанот, соединение кое настанува кога ќе ја загризете брокулата, ќе ја отсечете или ќе откинете парче, и кое помага во борбата со различни болести.

Но, доколку ја преварите брокулата, ништо од тоа… Сите позитивни ефекти од сулфорафанот исчезнуваат по неколку минути готвење.

Новото кинеско истражување покажува дека „најдоброто од брокулата“ се извлекува доколку ја иситните на парчиња од буквално два милиметри, потоа да ги оставите околу час и половина за да се зголеми нивото на сулфорафан, а потоа на кратко да ги сварите или потпечете, пренесува Дејли Мејл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП