29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Градско

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Градско

Сообраќајот на патот Прилеп-Градско, кај месноста Запошки Мост на излезот од Прилеп, во 12 часот е нормализиран. Патот беше блокиран поради протест на вработени од „11 Октомври Еурокомпозит“.

Од АМСМ исто така информираат дека поради отстранување одрони во близина на селото Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правца.

Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Стража и од кракот Маврово до Бунец. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП