Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,801.99 -1.64%    BESK 10,275.00 -3%    GRNT 810.00 -0.06%    KMB 3,389.73 -0.22%    MERM 800.00 -20%    MPT 29,500.63 0%    OKTA 3,620.00 0.56%    RMDEN16 94.90 0.11%    RZUS 139.00 3.73%    SBT 2,041.00 -2.86%    STB 940.85 0.03%    STIL 139.03 -4.1%    TETE 2,286.67 2.27%    TKVS 3,110.00 2.98%    TNB 13,581.59 -0.42%    TPLF 1,649.90 1.35%    TTK 947.00 -2.97%    UNI 2,050.00 0%    

„Виталиа” – 25 години производство и едукација за здрави прехранбени навики

Време: 10:00

Датум: февруари 12, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа” слави јубилеј 25 година постоење на македонскиот пазар. 25 години на општествено одговорно однесување и континуирана едукација на населението за потребата од здраво исхранување. Компанија која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.

Јубилејот 25 години, компанијата ќе го одбележи со низа активности во текот на целата година, кои ќе бидат во духот на едукацијата за здрава храна и поддржување на позитивните вредности во општеството, нешто што Виталиа го прави 25 години наназад.

Виталиа во сите сегменти на делување покажува високо ниво на општествена одговорност. Во процесот на производство употребува обновлив извор на енергија – природен гас, има имплементирано сертификат за следливост на Палмовото масло, од суровина до финален производ, ефикасно управува со амбалажниот отпад, а производите се со еколошко пакување. Се произведуваат високо нутритивни производи, за различни целни групи, спортисти, дијабетичари, за лица интолерантни на глутен, за деца, за халал пазари. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian.

„Виталиа” поттикнува дијалог и едукација на децата во училиштата, донира во институциите кои имаат потреба од помош, поддржува спортисти, уметници. Го поддржа проектот #МрдниСоПрст, нахрани 1000, овозможувајќи на наши сограѓани да ги почувствуваат бенефитите од здравата храна, го иницираше  едукативниот проект 5 –ка за здрава храна со кој нутриционисти ги посетуваат училиштата и градинките низ земјава.

Потребата од едукација и подигнување на свеста за здрава храна е нешто со кое се соочуваме од самиот почеток до денес. Изминативе 25 години инвестиравме во систематска едукација за потребата од здраво исхранување. Сметаме дека денес македонскиот потрошувач размислува во позитивна насока за своето здравје и внимава на начинот на исхрана, ставајќи ја „Виталиа” во својата кошница како прв избор. Ние, нашата репутација трпеливо и долгорочно ја градевме, со повисока цел да создадеме и оставиме нешто вредно за идните генерации. Едукацијата на тема храна и здравје е неисцрпна, никогаш не престанува, а најважно е да почне од најрана возраст. Нашите производи се за сите генерации, за различни категории на луѓе, за луѓе кои сакаат да одржуваат здрав живот, за луѓе со одредени здравствени потешкотии, па токму поради тоа едукацијата е важна и треба постојано да ја има. „Виталиа” е отворена транспарентна компанија, (Нашите продавници функционираат и како едукативни центри каде нутриционистичкиот тим на Виталиа бесплатно ги советува нашите клиенти), вели Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на „Виталиа”.

„Виталиа” ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија како и најновите технолошки новитети и согласно нив креира здрави иновативни производи создадени според потребите на потрошувачите.

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот „Виталиа” е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

„Виталиа” се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели…

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Работнички права: секоја петта компанија го крши законот

    Работнички права: секоја петта компанија го крши законот

    Една од пет компании ги прекршува законите за работните односи. Ова го покажуваат извештаите на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој лани извршил вкупно 20.183…

  • Силк Роуд Банка ќе исплаќа пензии секој први во месецот

    Силк Роуд Банка ќе исплаќа пензии секој први во месецот

    Силк Роуд Банка АД Скопје почнувајќи од март ќе врши исплата на пензиите секој први во месецот. Доколку, пак, први е неработен ден (викенд или…

  • Приходите на HSBC не успеаја да ги задоволат инвеститорите

    Приходите на HSBC не успеаја да ги задоволат инвеститорите

    Најголемиот кредитор во Европа по пазарна капитализација „HSBC Holdings“ забележа скок на годишната добивка пред даноците под прогнозите и откри план за привлекување на до…

  • KFC затвора ресторани поради недостаток на пилешко

    KFC затвора ресторани поради недостаток на пилешко

    Ланецот ресторани KFC затвори стотина објекти ширум Британија поради недостаток на пилешко месо. Ова разочара многумина љубители на пилешкото по проблемите со новиот систем за дистрибуција.…

  • Deutsche Bank ќе скратува работни места во инвестициското банкарство

    Deutsche Bank ќе скратува работни места во инвестициското банкарство

    „Deutsche Bank“ ќе се ослободи од најмалку 250 работни места во инвестициското банкарство, вклучувајќи во Лондон и САД, пренесоа агенциите, повикувајќи се на запознаен извор,…

  • Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Инвеститорите бараат поделеност на акциите на Nintendo

    Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ се соочува со повици од страна на нејзините инвеститори да направи поделба на акциите и да ја прошири својата база од…

  • Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

    Alibaba и Tencent водат агресивна битка за сојузници во трговијата на мало

    Кинеските технолошки гиганти „Alibaba Group Holding“ и „Tencent Holdings“ кои имаат вкупна пазарна вредност, еднаква на 1.000 милијарди долари, не запираат со серијата од инвестиции…

  • Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

    Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

    Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип…

  • „Кит Кет“ на „Нестле“ прогласена за најдобра чоколада во светот

    „Кит Кет“ на „Нестле“ прогласена за најдобра чоколада во светот

    Чоколадата „Кит Кет“ на светски познатиот бренд „Нестле“, е прогласена за најдобра во светот, според интернет анкетата во која учествуваа повеќе од 100.000 луѓе, наведува…

  • Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“

    Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академија на тема „Звукот на градот“

    Семос Академија распиша Конкурс за доделување стипендии на тема „Звукот на градот“ за академската 2018/2019 година за образовните профили Графички дизајнер и Веб дизајнер. Конкурсот…