28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради отстранување одрони прекин на сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица

Поради отстранување одрони прекин на сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица

Поради отстранување на одрони во близина на селото Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин во двата правци, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Македонски Брод, додека пак снег со слаб интензитет навејува на планинските превои Стража и Буково, во Крива Паланка, Крушево, Делчево и Смојмирово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП