19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕФабрика претворена во луксузен дом (фото)

Фабрика претворена во луксузен дом (фото)

Поткровјето, кое овој пат ви го претставуваме, го дизајнираше и имплементираше берлинското студио „BerlinRodeo“…

Овој проект претставува трансформација на фабрика за плетива во луксузна и елегантна животна средина.

Оригиналните тапети со транспарентни ефекти се главната точка на фокусот во пространиот дел на дневната соба, а самиот ентериер претставува многу гостопримлива атмосфера со изобилство на интересни детали.

Палетата на бои во ентериерот е во мирни тонови, бела, крем и кафена боја, а тие заедно создаваат хармоничен амбиент во целиот простор.

Прекрасен е начинот на кој дизајнерите ги сочувале убавите елементи од некогашната фабрика, како ѕидовите од тули и им подариле префинет финиш.

Кристалните лустери, одбраните уметнички дела и живиот цветен аранжман придонесуваат за весел и гостопримлив карактер на соверемениот дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП