16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравата храна ви е безвкусна и досадна? Но, не и со овие...

Здравата храна ви е безвкусна и досадна? Но, не и со овие зачини!

Без оглед колки сте мотивирани да ги намалите килограмите и да живеете здравo, ако не уживате во јадењето, големи се шансите да се откажете од тој план порано или подоцна. Здравата храна не мора да биде безвкусна и досадна. Зачинете ја! Со овие зачини ќе биде уште поздрава за вашиот организам.

Јаболков оцет – тој е одличен за органите за варење и може да го намали нивото на шеќер во крвта и инсулинот кога ќе се додаде во оброците кои се богати со скроб.

Цимет – како и оцетот, го намалува шеќерот и инсулинот. Додадете го во овесата каша и во овошните напитоци.

Куркума – истражувањата покажаа дека куркумата е одлична за намалување на воспаленијата.

Лук – тој е одличен извор на сулфур, кој помага во детоксикацијата на организмот. Исто така делува антивирусно и антибактериски.

Рузмарин – тој е одличен за срцето и крвниот притисок.

Босилек – тој е одличен за здравјето на срцето. Тој исто така делува и како антиоксидант, а има и антимикробно дејство.

Оригано – исто така има импресивни особини на антиоксидант, а можете да користите и масло од оригано како природен антимикотик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП