24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто им е потребно на работниците?

Што им е потребно на работниците?

Освен добрата плата, бенефициите и сите останати пропратни елементи што било кој бизнис може да им ги понуди на своите вработени, се почесто светски успешните компании ја користат и удобноста на работното место, но тука не станува збор само за удобна кожна фотеља, има и нешто повеќе од тоа.

Не е ни чудно, бидејќи луѓето, особено поновите генерации се почесто се индивидуалци со изразена креативност и сенс за најновите технологии… Таквите тешко дека ќе се задоволат со обично биро во аголот од собата!

И се додека таквите лица и носат профит на вашата компанија, на вас ви останува да им го обезбедите најпријатното работно место, а останатите да ги мотивирате да го следат нивниот приемер. Еве и како:

Среќни вработени – среќни клиенти – Наоѓањето на работа од соништата е тешко, па затоа кога вработените ќе пронајдат некое место на кое ќе уживаат работејќи, тоа позитивно искуство ќе го пренесат на производите и клиентите, а тие пак ќе го пренесат својот денар на вас. „Win-win-win“ ситуација за секого.

Креирајте моќен внатрешниот бренд –Внатрешниот бренд е она што вработените го чувствуваат додека работаат за вас. Затоа компаниите денес не се ни 10 проценти од тоа што беа пред 10 години. Технологиите, брзиот пристап до информации и податоци, и (виртуелната) социјализација играат огрома улога во оваа ситуација, која вели – ако имате лоша култура внатре во компанијата, тоа набрзо нема да остане само внатре во неа.

Многу компании – исти грешки?! – Избегнувајте ги класичните грешки на останатите менаџери… едноставно запрашајте се: што мене би ми пречело ако јас се најдам на местото на мојот вработен? Прашањето не треба да важи само за материјалните работи.

Ценете ги личните вредности – Секој има право да биде среќен… дури и на работното место!

Хуман бизнис – Слушањето што вработените имаат да кажат, нивно вклучување во одлуките што ги носите, поголема креативна слобода, слободно изразување и можностите за иновирање, е цената што секој бизнис треба да ја плати за да добие движечки промени за возврат.

Максимизиран профит преку максимизиран потенцијал – Кога добрите тренери ќе забележат некој супер-талент, првото нешто што тие го прават е – обезбедување услови каде што ќе може истиот да се покаже во полн сјај! Мислите дека во бизнисот е нешто поинаку?

Бидете голема компанија – Разликата помеѓу работа во добра компанија и работење во одлична компанија е во можноста да правите големи работи. Ако го пронајдете она делче во кое вашиот бизнис ги прави нештата на начин на кој вработените можат да се гордеат со тоа што го работаат, тогаш во нивните очи вашиот бизнис секогаш ќе биде голем… колку и да е реално мал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП