25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие здрави намирници ја саботираат вашата диета

Овие здрави намирници ја саботираат вашата диета

Ако одреден вид на храна е здрава, тоа не значи дека истата е и диетална. Ако консумирате некои од овие намирници, можно е бројката на вашата вагата да потскокнува. Не ги исфрлувајте од вашето мени, но сепак ограничете го нивниот внес.

1. Суво овошје

Кога плодовите од овошјето се сушат, тие губат од својата маса, што значи дека им се зголемува количеството на шеќери и калории. На пример, 50 гр. суво грозје има идентична калориска вредност како и две парчиња интегрален леб. Запрашајте се што ќе ве засити повеќе?

2. Енергетски плочки со житарки

Дали практикувате помаѓу два оброка да ја „залажете“ гладта со енергетска плочка бидејќи едноставно не сакате да грицкате нездрав чипс или други солени грицки? Тие се навистина одлична замена за меѓуоброците, содржат житарки кои бавно ја отпуштаат енергијата а со тоа прават и подолго да чувствувате ситост. Но, една помала енергетска плочка содржи помеѓу 200 и 350 калории. Може ли таков внос на калории да поднесе вашата диетална исхрана?

3. Овошен јогурт

Постои ли повкусен и поздрав утрински оброк од овошниот јогурт? Нема ниту да забележите никакви промени на вашата вага ако во вашиот омилен јогурт сами вметнете неколку парчиња свежо овошје. Но, ако во брзање посегнете по готов овошен јогурт, тогаш би требало да бидете повеќе внимателни. Таквиот јогурт изобилува со шеќери, а со тоа и е значително покалоричен од појадокот кој сами ќе си го подготвите.

4. Вода со вкусови

Исклучително е здраво да се пие обична вода и дневно се препорачува внес од 8 чаши. Но сепак не би требало обичната вода да ја изедначите со водата која е збогатена со овошни ароми. Во таквите води најчесто се крие изненадувачко количество на шеќери, па еден литар таква вода содржи повеќе од 200 калории. Практикувајте да пиете обична вода која во ниту еден случај нема да ви донесе вишок калории.

5. Јаткасти плодови

Ако сакате негувана кожа, тогаш треба да практикувате храна која е богата со витамин Е. Тој се наоѓа во јаткастите плодови како што се лешниците, оревите и бадемите. Овие тврди плодови од природата се одличен меѓуоброк, но тие се исклучително калорични намирници. Сетете се на ова кога на работа ќе понесете 100 грама бадеми, бидејќи во нив има дури 580 калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП