29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАвокадо, спанаќ и ѓумбир за детоксикација на организмот

Авокадо, спанаќ и ѓумбир за детоксикација на организмот

Освежете го и исчистите организмот со овој вкусен и здрав коктел…

За да дојдете до посакуваната телесна маса и рамниот стомак, а воедно и да му направите детоксикација на телото од голема помош ќе ви биде оваа чаша чудотворен коктел наутро, пред било што друго да јадете или пиете.

Следете го рецептот и со леснотија направете го овој природен препарат со кој ќе стигнете до саканите резултати.

Состојки:

– 1 лажица рендан ѓумбир

– 1 лажица јаболков оцет

– 1 лажица мед

– една шака нане и магдонос

– половина авокадо

– половина шоља вода

– 50 гр спанаќ

Подготовка:

Добро измијте го зеленчукот, излупете го авокадото и исецкајте го. Прво измешајте ги сите состојки освен медот и ѓумбирот во блендер, а потоа додате ги и медот и ѓумбирот, па мешајте уште малку.

Овој здрав, природен коктел треба да го пиете наутро пред појадокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП