29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKickstarter надмина 100.000 проекти и собра 613 милиони долари

Kickstarter надмина 100.000 проекти и собра 613 милиони долари

kikstarte

Интернет страната „Kickstarter“ е основана во 2009-та година, а од тогаш до денеска тие успеале да ја преминат бројката од 100.000 започнати проекти од кои преку 42.000 успешно се финансирани.

Вкупната колична на пари која е собрана за 100.000 проекти изнесува 613 милиони долари. „Kickstarter“ овој јубилеј го објави на „Twitter“ каде со линк е поврзана статистика во која се гледаат податоците за секоја категорија посебно. Музиката и „филм и видео“  се двете најпопуларни категории со преку 20.000 проекти досега за секоја.

Категоријата „The Publishing“ се наоѓа на третото место со 11.600 проекти. „Games“ категоријата има 5000 проекти, додека во делот на „Technology“ само 2300 пати е побарана помош за финансирање. Овие податоци можеби се изненадувачки со оглед дека општиот впечаток е дека највеќе повици за помош би требало да има во оделите за игри и технологија. Меѓутоа паметниот часовник „Pebble“ досега беше број еден најуспешен проект кој донесе преку 10 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП