16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple продаде рекордни 18 милиони паметни часовници во 2017-та

Apple продаде рекордни 18 милиони паметни часовници во 2017-та

Минатата година според продажбата била рекордна за паметните часовници на „Apple“, бидејќи, според податоците компанијата на пазарите ширум светот има испорачано 18 милиони паметни часовници.

Само во четвртиот квартал од минатата година, технолошкиот гигант од Купертино – Калифорнија, испорача осум милиони уреди, што е најголем број досега на испорачани модни електронски уреди во еден квартал, не само за „Apple“, туку за било кој производител.

Паметниот часовник на „Apple“ од „Серијата 3“, со опција за поврзување на мобилната „LTE“ мрежа, односно со бројот на мобилниот телефон на корисникот, а кој минатиот септември беше претставен на пазарот и чија цена на „Best Buy“ е 329 долари, кој е клучен дивигател за растот на продажбата.

Компанијата минатата година продала нешто помалку од девет милиони уреди од „Серија 3“, што се чини речиси половина од вкупните испорачани паметни часовници од „Apple“ во 2017-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП