25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозно сместување во хотелот Chatwal (фото)

Гламурозно сместување во хотелот Chatwal (фото)

Сместен во срцето на Њујорк, хотелот „Chatwal“ е вистинско место за гламурозен помин…

Тој се наоѓа на една од најпрестижните адреси во САД. Зградата во која е сместен е конструирана во 1905 година и има многу богата историја. Таа беше дом на познатиот „Lambs“ клуб, најстарата театарска организација во Америка. Во својот моментален облик, оваа зграда е хотел од 2010 година, кога е величествено редизајнирана во арт деко стил од страна на генијалниот архитект и дизајнер Тиери Деспон.

Сместувањето се состои од 76 ексклузивно декорирани соби, со високо квалитетни погодности, како кадифени ѕидови, плакари кои се завиткани во кожа… Секојa од просториите е идеално дизајнирана за на гостите да им понуди одмор за паметење.

„Lambs“ клубот и денес е дел од овој хотел, но не во форма на поранешната театарска група. Ова сега е името на префинетиот ресторан кој го води готвачот Џефри Закаријан. Тој е познат по својот интересен стил и префинет вкус на модерната американска кујна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП