20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто е ново? Škoda Fabia зa 2018-та (редизајн)

Што е ново? Škoda Fabia зa 2018-та (редизајн)

„Škoda“ ги објави првите фотографии и технички детали од редизајнираната „Fabiа“ пред светската премиера на овој модел закажана за автосаемот во Женева.

Четири години по лансирањето на третата генерација на „Fabiа“ дојде време за редизајн, кој покрај деталите на надворешноста на автомобилот вклучува и нови системи за асистенција и нов мултимедијален систем, а освежени се и двете каросериски верзии – хечбек и караван.

Кога станува збор за дизајнот, напред се променети фаровите и маската на ладилникот, додека позади е редизајниран браникот и стоп-светлата, а на купувачите за прв пат во „Fabiа“ ќе им бидат достапни „LED“ предни и задни светла.

Понудата на алуминимски бандажи кај хечбекот е проширена со 18 инчни тркала.

„Škoda“ не објави фотографии од внатрешноста на кабината, но од фабриката велата дека инструмент таблата е исто така редизајнирана, додека на располагање се и нови дезени и комбинации на навлаки на седиштата и тапацирот, кои во ентериерот треба да понудат луксузен амбиент.

Понудатa на мотори се состои од 4 трицилиндарски 1.0-литарски бензинец. Атмосферските „MPI“ верзии се достапни со 60 ks (44 kW) и 75 ks (55 kW).

Тука се и двата „TSI“ турбо бензински агрегати, кои покрај турбо полначот имаат и систем за директно вбризгување на гориво, а произведуваат 95 ks (70 kW) и 110 ks (81 kW). Помоќната верзија може да се нарача и со изборен „DSG“ менувач со двојно квачило.

„Škoda“ соопшти дека двата „TSI“ мотори се опремени со филтри за штетни честички.

„Fabia“ зa 2018-та добива и нови системи за асистенција, со што некои технологии се активни при безбедност на спуштање во пониските сегменти на возилата на „Škodа“. Автомобилот е опремен со електронски систем за следење на други возила кои се наоѓаат во мртвиот агол и предупредување на возачот за нивното присуство.

„Fabia“ ќе има и систем кој ги следи случувањата зад возилото и го алармира возачот ако постои опасност за незгода од позади.

Уште еден новитет е „Light Assist“, aвтоматско исклучување на долгите светла во случај на приплижување на автомобил од спротивната страна.

„Škoda“ во новата „Fabiа“ го подобри и мултимедијалниот систем „Swing“ кој сега има 6,5 инчен екран. Во верзиите со вграден навигациски систем, возачот на располагање ќе има сервисни информации за состојбата и условите во сообраќајот во реално време.

„SmartLink+“ технологијата, со функциите „Apple CarPlay“, „Android Auto“, „MirrorLinkTM“ и „SmartGate“ овозможуваат едноставно поврзување со смартфон уреди и пренесување на нивните содржини на екранот на мултимедијалниот систем.

По женевската премиера во март, „Škoda Fabia“ зa 2018-та ќе се појави во продажните салони во другата половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП