20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMодерен и гламурозен ентериер - вистинско ремек дело (фото)

Mодерен и гламурозен ентериер – вистинско ремек дело (фото)

Луксузното ремек дело на архитектурата во Беверли Хилс, ставено е на продажба по цена од 36 милиони долари…

Ова е самостална резиденција, која претставува многу години вложен труд, трпение и визионерска одлучност.

Се наоѓа во фантастично окружување, а поради својата позиција делува како да е на врвот на светот.

Оваа луксузна вила содржи шест спални соби, десет бањи, повеќе скалила, формална дневна соба и трпезарија, гурманска кујна, куќна канцеларија, повеќе барови, палуба, вински подрум со илјада шишиња, гаража за шест автомобили, џакузи за шест особи со камин, домашно кино, инфинити базен, голф терен, како и бројни тераси и балкони со простор за уживање.

Има совршен поглед на Лос Анџелес, кој се протега од Каталина и брегот на Калифорнија, па се докај што ви стига погледот.

Оваа вила од 1.200 метри квадратни пред некое време е редизајнирана од страна на Мајкл Палумбо, во соработка со Ричард Папалино и Марко Випл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП