24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали да се пријавите за работа за која не сте доволно квалификувани?

Дали да се пријавите за работа за која не сте доволно квалификувани?

Сите кои некогаш барале работа или во моментов ја бараат со тек на време се среќаваат со дилемата – дали да се пријават за работата за која немаат доволно квалификации или не?

Не е можно да се даде едноставен одговор на тоа прашање. Понекогаш има смисла, а понекогаш е подобро времето да се потроши пријавувајќи се за работа која повеќе ви одговара.

Затоа треба да се земат во предвид различни фактори. Пред се, не можете да знаете кој и со какви квалификации се пријавил за тоа работно место. Па гледано oд таа страна, пријавувањето не е залудна идеја.

Исто така, треба да се запрашате колку всушност сакате да работите на тоа работно место. Доколку претставува остварување на вашите соништа, всушност немате што да изгубите.

Кога ќе ја донесувате одлуката за тоа дали ќе се пријавите или не, би било корисно да составите листа со сите потребни квалификации од бараната листа на квалификации со кои располагате. Доколку задоволувате некои основни услови, нема причина да ја пропуштите шансата за вработување.

Оние кои се во потрага по работа имаат повеќе време и енергија. Ако времето е единственото нешто што можете да го изгубите, нема причина да не се пријавите.

Сепак, еднакво е важно да знаете да го препознаете „изгубениот случај“ и да се откажете пред да го изгубите времето и нервите. Проценете ги сопствените можности и дури тогаш впуштете се во тој процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП