28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРААвтосаботажа: Малите цели ве кочат во успехот и кариерата

Автосаботажа: Малите цели ве кочат во успехот и кариерата

Чист оптимизам: Поставување на мали цели, чекање на „вистинската“ прилика и „добрата плата“ често се погрешниот избор на патот кон успехот, па наместо тоа имајте малку повеќе верба во себе.

Не се прашувајте себе си: „Што ако никој не сака да ме вработи“ или „Дали сум доволно добар“, советуваат психолозите од Принстон.

Истражувајќи ги неуспесите на работа, научниците открија дека меѓу талентираните луѓе и добрата кариера стои само стравот од неуспех.

„Ако чекате приликите сами да ви тропнат на врата, никогаш нема да успеете во работата“, вели претприемачот Викторија Кенворд. Верувајте во себе и поставете си високи цели до кои ќе стигнете со помош на напорната работа. Исто така, на многумина им недостасува самодоверба, па така тие мислат дека не можат да постигнат повеќе. Мислите дека нема да напредувате или нема да добиете зголемување на платата – најверојатно и нема да добиете, велат психолозите, бидејќи всушност вие така и се однесувате.

Научниците од Принстон докажаа дека парите се навистина важен стимулатор, но немааат голема врска со исполнетоста на работа. Не си го саботирајте успехот работејќи нешто што не го сакате само затоа што таму сте подобро платени.

Незадоволството се чувствува на километар

Лошиот став кон се ги убива и оние најталентираните. Нема да остварите успех во кариерата, ако со својот одбивен став им приоѓате на колегите и надредените. Сменете го ставот во „Јас го можам тоа“, бидејќи позитивниот став кон работата и колегите може „да се научи“, советуваат научниците.

Се чувствувате незабележано

Многумина се фрустрирани од тоа што по завршувањето на различните задачи, предмети, тие сепак не се наградени и немаат зголемување на платата. Никогаш не чекајте вашиот работодавец да ве забележи, туку разговарајте отворено со шефот за она за што мислите дека сте го заслужиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП