20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes е најскапиот aвтомобилски бренд

Mercedes е најскапиот aвтомобилски бренд

Британската консултантска компанија „Brand Finance“ ја направи годишната класификација за најскапите брендови во светот. Во неа исто така се вклучени и голем број марки на автомобили.

Лидерското место е за „Mercedes-Benz“, кој е оценет на 43,99 милијарди долари и го зазема 15-тото место во вкупниот пласман. Германците ја надминаа „Toyota“ (43.70 милијарди), која што е 16-та. Веднаш потоа е рангиран уште еден германски производите „ВМW“ – 41.79 милијарди.

Во првата десетка на автомобилските брендови место има за „Volkswagen“ – 33,67 милијарди, „Honda“ – 21,31 милијарди, „Nissan“ – 19,37 милијарди, „Porsche“ – 19,05 милијарди, „Hyundai Group“ – 17,75 милијарди, „Ford“ – 17,29 милијарди и „Audi“ – 14,95 милијарди.

Во рангирањето за најскапите брендови како целина, исто така, има нов лидер. Тоа е американската компанија за електронска трговија „Amazon“, сопственост на најбогатиот човек во светот – Џеф Безос. За една година таа оствари раст од 42% и се проценува на 150,8 милијарди. По неа следуваат „Apple“ и „Google“ со вредност односно 146,3 милијарди и 120,9 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП