28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААпликација за подолго траење на батеријата

Апликација за подолго траење на батеријата

batteryguru

Траењето на батеријата секогаш е една од главните грижи на било кој паметен телефон. Доколку не сте доволно внимателни, особено со уредите кои користат „Android“, можете веднаш да ја потрошите батеријата и тоа со само неколку апликации кои работат во позадина.

Некои од паметните телефони доаѓаат со инсталиран софтвер кој ја оптимизира потрошувачката на батеријата. За тие кои тоа го немаат „Qualcomm“ го претстави „Snapdragon BatteryGuru“, „Android“ апликација која надгледува што се случува во позадина на вашиот телефон и ги подесува параметрите на телефонот со што би го продолжило траењето на батеријата.

Апликацијата е превземена преку 100.000 пати од кога е достапна во февруари оваа година, а официјално беше претставена вчера.

Апликацијата ги учи вашите лични навики на телефонот, а потоа ги оптимизира перформансите на батеријата на основа на тие информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП