25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИлон Маск ја лансираше најсилната ракета "Falcon Heavy"(видео)

Илон Маск ја лансираше најсилната ракета “Falcon Heavy”(видео)

Американската компанија “Space X” успешно ја лансираше својата најголема ракета досега, а заедно со неа ќе орбитира и црвен спортски автомобил.

Ракетата наречена “Falcon Heavy” беше лансирана од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, на истата платформа што НАСА ја користеше во 1969 година за време на историскиот проект Аполо 11, првата мисија која испрати луѓе на Месечината, пренесуваат американските медиуми.

Ракетата е опремена со 27 мотори и три дополнителни – “бустери”, со цел да обезбеди моќен притисок.

“Falcon Heavy” е дизајниран да испрати опрема и материјали во далеку во вселената.

Во “носот” на ракетата е црвениот спортски автомобил “Тесла”, а зад воланот е кукла наречена “Star Man”.

Најмоќната ракета може да овозможи пренесување на тешки предмети, потенцијално и човечки екипажи на Месечината и на Марс.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП