29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот премиум телефон на Huawei ќе има три камери (видео)

Новиот премиум телефон на Huawei ќе има три камери (видео)

Наредниот премиум телефон на „Huawei“ од серијата „P“, или дури неколку од нив, пристигнуваат на 27-ми март. Тоа го потврди кинескиот производител, но не и тоа дали новиот модел ќе биде „P11“ или „P20“. Точно е дека уредот ќе има тројна камера, а тоа го потврдуваат и фотографиите кои ги пушти една компанија која ги прави футролите за „Huawei“ телефоните.

Доколку оваа информација е точна, тројната главна камера на телефонот ќе биде поставена на горниот лев агол на телефонот. Се чини дека ќе има двоен „LED“ блиц покрај ласерскиот автофокус.

Нормално, детали за тоа како ќе работи не може да се извлечат врз основа на футролата, па поради тоа ќе мораме да ја причекаме премиерата во Париз.

Тоа што може да се види е дека уредот нема класичен приклучок за слушалки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП