19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 грешки кои треба да ги избегнувате во e-mail маркетингот

5 грешки кои треба да ги избегнувате во e-mail маркетингот

Обрнете им внимание на овие „трикови“ кои всушност можат да ве доведат во невоља и да го загрозат вашето работење.

Веројатно ви се случило да добиете мејл и да се запрашате: „Чекај, од каде ова? Дали јас сам се пријавив за ова? Не можам да се сетам дека се пријавив“. Сета таа рекламна пошта е обично лажна и обично се случува компанија или личност да стои зад сето тоа, да работи од сенка.

Целта на маркетинг дозволата е да добие пристап до вашата база на податоци. На тој начин може да се комуницира со вашите клиенти, а ова е уште поефикасно за нив кога ќе стапат во контакт со лицата кои очекуваат да им се обратите. Кога ќе го измамат системот уште полошо ќе ви направат на вас и вашата компанија.

Ако не сакате проблеми, избегнувајте го следново:

Додавање на луѓе кои не дале дозвола. Додавањето на луѓе на вашата листа кои не ви дале експлицитна дозвола или сами сте се определиле е најбрзиот начин да направите апатична публика. Ова исто така е нелегално.

Купувањето на база на податоци доколку не знаете каде тој продавач ги добил тие контакти, не е вредно за ризик.

Избегнувајте лажни мејлови само за да ја зголемите листата со вашите контакти. Секако не можете да продадете нешто на некој кој не постои. Тоа секако нема да и помогне на вашата компанија или бизнис.

Обраќање по пат на огласување или спонзор. Колку повеќе ги затрупувате клиентите со вакви мејлови, листата со ваши читатели ќе се намалува. На тој начин ќе ја намалите продажбата и секако нема да им ги покажете на клиентите достигнувањата кои сте тврделе дека ги имате.

Употреба на листа од друга компанија. Откако ќе ги увезете имињата од е-поштата која сте ја преземале од друга компанија ќе го зголемите ризикот од хакирање и вашата листа да биде преземена. Не правете го тоа!

Изработете листа со контакти само кога клиентот е заинтересиран за вашата компанија, бренд или понуда, Додадете ги во вашата листа само луѓето кои сакаат да бидат таму. На тој начин креирате e-mail маркетинг кој е всушност ефикасен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП