18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung на врвот според испорачани телефони во 2017-та

Samsung на врвот според испорачани телефони во 2017-та

„International Data Corporation“ (IDC) и „Strategy Analytics“ објавија извештаи кои се однесуваат за глобалната испорака на телефони во текот на четвртиот квартал, како и на комплетната 2017-та година.

Податоците покажуваат дека „Apple“ има испорачано 77,3 милиони „iPhone“ модели во текот на четвртиот квартал од минатата година, што е повеќе од било кој друг производител. Кога станува збор за целата година, „Samsung“ ја задржа лидерската позиција испорачувајќи преку 317 милиони телефони.

„Xiaomi“ e компанијата која ги импресионираше аналитичарите, а кинескиот производител речиси ја дуплираше својата испорака на 28,1 милиони единици меѓу октомври и декември 2017-та, наспроти 14,3 милиони уреди во истиот период во текот на 2016-та година.

Изминатата празнична сезона беше прилично неуспешна за производителите на телефон, а четирите од петте водечки во оваа индустрија забележаа пад на испораките на годишно ниво. Според компанијата „Strategy Analytics“ oвој период го забележа најголемиот годишен пад во историјата на смартфони, од 438 милиони уред во четвртиот квартал во 2016-та на 400 милиони во минатата година.

Според двете аналитички компании, секој петти испорачан телефон во текот на 2017-та бил модел на „Samsung“. „Apple“ остана на второто место со пазарен удел од 14,7%, а потоа следат „Huawei“ и „Oppo“.

Иако податоците на компаниите „IDC“ и „Strategy Analytics“ малку се разликуваат, двете известуваат дека испораката на телефони во текот на претодните 12 месеци изнесувала околу 1,5 милијарди уреди. Ова е речиси исто како и во текот на 2016-та, а покажува огромна заситеност на пазарот на телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП