20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд досада до продуктивност на работа

Од досада до продуктивност на работа

Гледањето во една точка од досада на работа, може да ви помогне во поттикнувањето на креативноста, тврдат психолозите.

Досадните состаноци сепак можат да имаат цел, велат тие, бидејќи му овозможуваат на умот едноставно да се ослободи и да „одлета“.

Двете студии кои ги спроведоа истражувачите на универзитетот Централ Ланкшир, сугерираат на тоа дека фантазирањето во текот на работното време може да ја зголеми креативноста и дури може да ви помогне во работата.

„Здодевноста е стигматизирана, родителите секогаш се грижат дали на нивните деца им е досадно. Но таквата состојба им овозможува на мислите да талкаат“, вели професорот по психологија др. Санди Ман.

Мозокот во таа состојба може да биде поуспешен во литературните размислувања, а тоа помага во решавањето на проблемите.

Од друга страна, стимулативните работи кои не му овозможуваат на мозокот повремено „гаснење“, можат да бидат контрапродуктивни.

„Здодевноста на работа е нешто што секогаш се настојувало да се елиминира. Меѓутоа, можеби таквата состојба би требало да ја прифатиме за да бидеме попродуктивни и да ја зголемиме креативноста“, смета Ман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП