20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија останува најголем светски кредитор

Јапонија останува најголем светски кредитор

japa1

Јапонија минатата година ја задржа својата позиција како најголем светски кредитор 22 година по ред, бидејќи зајакнувањето на доларот помогна во подигнувањето на врeдноста на активата во странство, покажуваат денес објавените податоци на јапонската влада.

Зад Јапонија, на листата на земји кои се најголеми кредитори, следат Кина и Германија, што укажува дека постои разлика помеѓу вредноста на активата во странство, вклучувајќи го надворешниот долг и имотот, пренесува агенцијата Франс Прес.

Јапонија минатата година оствари позитивен баланс меѓу примените и дадените инвестиции во вредност од 296,3 милијарди јени (2,9 милијарди долари), покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии.

Јапонската валута ослабе откако премиерот Шинзо Абе вети дека ќе ја подигне третата најголема економија во светот, со зголемување на државната потрошувачка и агресивно монетарно олабавување од страна на централната банка, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП