25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСопственикот на „Агрокор“ Ивица Тодориќ најбогат на Балканот

Сопственикот на „Агрокор“ Ивица Тодориќ најбогат на Балканот

agr

Според најновата листа на „Форбс“ најбогат човек на Балканот е сопственикот на хрватската компанија „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

На второ место е словенечкиот милионер Санди Чешко од „Студио Модерна Словенија“, а на трето место е сопственикот на српската „МК Груп“, Миодраг Костиќ, пренесува Радио Слободна Европа.

Богатството на најбогатиот човек на Балканот, сопственикот на „Агрокор“, се проценува на 581,8 милиони евра.

Санди Чешко, кој се претставува како „милионер што нема секретарка, јахта или викендичка“, според „Форбс“, „тежи“ околу 410,6 милиони евра, додека богатството на Миодраг Костиќ се проценува на околу 234 милиони евра.

На четврто место на листата на „Форбс“, со богатство од 145,4 милиони евра, се наоѓа Емил Тедески, сопственик на „Атлантик Груп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП