20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија: Најсреќната развиена земја

Австралија: Најсреќната развиена земја

avstralija1

Според истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Австралија е најсреќната земја меѓу развиените економии и тоа веќе трета година по ред, објави BBC.

Во листата на пет најсреќни земји се наоѓаат Шведска, Канада, Норвешка и Швајцарија.

Во извештајот на ОЕЦД, под називот „Better Life Index“ рангирани се повеќе од 30 земји, според критериумите како што е големината на станбениот простор по лице, долготрајната невработеност, образованието, загадувањето, приходите на домаќинствата, просечниот животен век, општото задоволство, сигурноста, задолженоста на жителите, времето поминато на работа….

Повеќе од 73 проценти од жителите на Австралија на возраст од 15 до 64 години имаат платена работа, која е над просекот на ОЕЦД.

Освен тоа, просечниот животен век во Австралија е речиси 82 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП