28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДовербата на француските потрошувачи на најниско ниво од 2008 година

Довербата на француските потрошувачи на најниско ниво од 2008 година

francepeople1

Довербата на француските потрошувачи во мај се намали на најниското ниво кое е измерено во последните пет години, објави денес Заводот за статистика INSEE.

Кумулативниот индекс на довербата на потрошувачите се намали во мај на 79 поени, на ниво кое последен пат е забележано во јули 2008 година. Во април оваа година индексот изнесуваше 84 поени.

Економистите очекуваа дека индексот ќе се зголеми на 85 поени, од претходно забележаните 84 поени во април.

Оценката за домаќинствата за нивната сегашна и можна идна финансиска состојба, исто така се влоши во мај.

Проценка на економистите за досегашната општа економска ситуација и очекувањата за наредната година исто така се намалени во овој месец, покажува извештајот на INSEE.

Проценката за сегашните можности за заштеда остана речиси непроменета, додека прогнозата за можноста за заштеда во следните 12 месеци е минимално подобрена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП