20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина гради индустриски град

Кина гради индустриски град

kina2

Кина започна со изградбата на нов град во шумите во близина на белоруската престолнина Минск.

Овој град ќе биде отскочна штица за индустриското производство меѓу Европската унија и Русија.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, според медиумите, областа околу меѓународниот аеродром во Минск, која е 40 пати поголема од Менхетен, ја доделил за развој на проектот во вредност од пет милијарди долари, во кој ќе има доволен капацитет за сместување на 155.000 лица.

Лукашенко, кој е на чело на Белорусија веќе две децении, се свртува кон Кина со цел да ја оживее 60 милијарди вредната економија, на која од 2009 година Меѓународниот монетарен фонд и Русија и одобрија кредити од 6,5 милијарди долари.

„Ова е уникатен проект. Никој во Европа нема да биде во состојба да изгради нешто слично на овој индустриски парк, бидејќи неговата инфраструктура ќе биде премногу моќна“, изјави кинескиот амбасадор во Белорусија Гунг Џенвеј.

„Модерниот град на Евроазискиот континент“ ќе биде изграден покрај автопатот М1 што ги поврзува Москва и Берлин, преку Белорусија и Полска.

Аеродромот, со центарот на новиот град ќе ги поврзува брза железничка мрежа, која ќе се напојува од нуклеарна централа вредна 10 милијарди долари. Ова ќе биде прва таква централа во Белорусија, која ќе ја финансира и гради Русија до 2018 година.

Првата фаза од индустрискиот парк ќе биде готова до 2020 година, а втората фаза до 2030 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП