24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen сепак не се откажа целосно од C4

Citroen сепак не се откажа целосно од C4

Во 2017-та година, „Citroën“ го обнови „C4 Cactus“, откажувајќи се од својот стандарден „C4“ хечбек. Главната причина за ова беше кинескиот пазар, каде што интересот за кросоверите значително се зголеми, а опадна оној за хечбек моделите.

Така, „C4 Cactus“ остана единствен претставник на францускиот бренд во сегментот „C“ од моделите со 5 врати. Сепак, излегува дека „Citroen“ не се откажал целосно од стандардниот „C4“ и по пауза од 2-3 години ќе го врати назад во својот опсег.

За изданието „Auto Express“, петседателот Линда Џексон, рече дека „C4 Cactus“ ќе биде автомобилот со кој брендот ќе се натпреварува со „Volkswagen Golf“, „Focus“ и „Opel Astra“, но ова е само привремено решение. И тоа ќе исчезне во моментот кога „Citroen“ ќе подготви сосема нов модел.

„Сегментот на хеџбеците е еден од најважните за компанијата. Факт е дека ние застанавме на „C4“ кон крајот на 2017-та година за да се посветиме на „C4 Cactus“, кој сепак ќе ја има улогата на преодна врска кон нешто сосема ново. Ние работиме напорно на нов модел во оваа класа и ќе биде подготвен на почетокот на следната деценија“, објасни Џексон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП