29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Во Давос беше прекрасно, многу пари доаѓаат во нашата земја

Трамп: Во Давос беше прекрасно, многу пари доаѓаат во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп, се врати дома многу задоволен од Светскиот економски форум во Давос. Тој допатува во Вашингтон по, како што истакна, успешниот форум во Давос.

„Во Давос беше прекрасно….Нашата земја е прекрасна. Многу пари доаѓаат во нашата земја…Многу луѓе од Давос ќе ги донесат своите пари тука. Ова беше успешно патување“ рече Трамп пред новинарите во Вашингтон.

Тој во Давос, на светската политичка и деловна елита им ја пренесе својата порака дека Америка е на прво место и дека очекува само добри резултати.

Додека челниците на најголемите европски компании му ги претставуваа своите бизниси во Америка, Трамп им рекол дека секој дена пие по еден аспирин и дека ги сака германските лифтови.

За посетата и резултатите од Светскиот економски форум, американскиот претседател, како што е најавено, ќе говори во вторник вечер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП