23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan нема да се откаже од моделите Z

Nissan нема да се откаже од моделите Z

Јапонскиот производител „Nissan“ нема намера да се откаже од спортските модели од серијата „Z“, бидејќи тие се важен дел од наследството и од имиџот на марката. Ова го најави заменик-претседателот Мајкл Банс во интервју за „AutoGuide“.

Топ-менаџерот додаде дека „Nissan“ во моментов работи на задржување на препознатливото име во опсегот. Проблемот, сепак, е дека „370Z“ се продава доста малку во последно време. Во 2017-та година во САД беа испорачани 4.614 единици, што е далеку од резултатот на американските ривали. За споредба, во истиот период се купeни 64.000 единици од „Dodge Challenger“, 68.000 примероци од „Chevrolet Camaro“ и 82.000 возила од „Ford Mustang“.

Банс не сакаше да прецизира каков ќе биде наследникот на „370Z“, но сепак, негираше дека во „Nissan“ планираат да пуштат кросовер со тоа име, кој ќе биде насочен кон помладата публика. Според него, најважно е „Z“-моделите да ја задржат емоционалната атрактивност и во никој случај да не се прави компромис со нивната цена.

И на крај, „Nissan 370Z“ беше обновен во 2017-та година, кога беше претставена верзијата „Heritage Edition“. Таа е посветена на 50-годишнината од појавувањето на серијата „Z“ на пазарот. После тоа, компанијата издаде стандарден модел со понатамошни подобрувања по него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП