24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд Давос: „Фејсбук“ нема да постои за 20 години

Од Давос: „Фејсбук“ нема да постои за 20 години

Професорот по економија на престижниот универзитет МИТ, Дејвид Аутор, на Светскиот економски форум во Давос го претстави своето видување според кое денешните технолошки компании, како што е „Фејсбук“, ќе ја доживеат истата судбина како и некои компании кои доминирале во минатото, а денес не постојат.

Професорот за време на дискусијата го постави прашањето „дали е можно да се живее во свет на монопол?“

Притоа тој објасни дека во моментов живееме во свет каде што „победникот зема најголем дел од пазарот“ и каде што малата предност во однос на конкуренцијата е всушност огромна предност.

Според него, компаниите како „Амазон“ и „Фејсбук“ растат органски (луѓето се на „Фејсбук„ бидејќи нивните пријатели се таму), но тоа не значи дека ваквиот раст е добар или одржлив на долг рок.

Авторот истакна дека и во минатото постоеле слични монополи, наведувајќи ја како пример американската железница.

„Мојата претпоставка е дека ‘Фејсбук’ нема да постои за 20 години од сега“, заклучил Дејвид Аутор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП