23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата се задолжи 1.475,18 милиони денари или 23,98 милиони евра

Државата се задолжи 1.475,18 милиони денари или 23,98 милиони евра

Министерството за финансии на аукцијата одржана денес се задолжи во износ од 1.475,18 милиони денари или 23,98 милиони евра.

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 474,99 милиони денари со камата од 1,20%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 440,19 милиони денари со камата од 3,70% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 560 милиони денари со камата од 3,20%.

На 24.01.2018 година и на 29.01.2018 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 1.475,01 милиони денари или 23,98 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП