28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Кинотека почна неделата на ирански филм во Македонија

Во Кинотека почна неделата на ирански филм во Македонија

Во присуство на амбасадорот на Исламска Република Иран, во просториите на Кинотека на Македонија вчера се одржа церемонијата на отворање на Неделата на иранскиот филм во Македонија.

Од Кинотеката истакнуваат дека оваа програма наишла на голем интерес кај љубителите на филмот, а најдобар показател за тоа е што за време на вчерашните проекции немало ниту едно празно место во кино-салата. Во соопштението се наведува дека на вчерашната програма биле присутни претставници на државните институции, странски амбасадори и дипломати, како и голем број љубители на иранската кинематографија.

На свеченото отворање, Владимир Ангелов, в.д. директор на Кинотека на Македонија, посочи дека е чест за вторпат Кинотеката да биде домаќин на Неделата на ирански филм, имајќи предвид дека иранската кинематографија веќе е светски позната. Тој додаде дека избраните филмови се одлични и ги повика присутните и сите вљубеници во филмот секоја вечер да доаѓаат во Кинотеката и да ги погледнат селектираните наслови.

Потоа, амбасадоророт на Исламска Република Иран во Скопје со кратко обраќање им посака добредојде на гостите во преполната сала и додаде дека оваа програма се оргнизира во склоп на чествувањето на годишнината на победата на Исламската револуција во Иран со која иранскиот народ го остранил непожелниот режим на кралот и со овој историски потег се усогласиле условите за огромен прогрес во сите сегемнти.

Иранскиот амбасадор во Скопје, посочувајќи на прогресот на иранската кинематографија во последните години, додаде дека иранскиот филм со својот уникатен стил е веќе познат во целиот свет, а присутните ги повика да го искористат овој отворен прозорец за подобро запознавање со иранската култура и традиција.

Од Кинотеката на Македонија информираат дека неделата на иранскиот филм ќе продолжи до сабота (27 јануари) со прикажување на филмовите „Базен за сликање“, „Сосема сам“, „Коцка шеќер“ и „Многу блиску, многу далеку“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП