28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХемороиди: Едно чучнување го решава овој проблем (видео)

Хемороиди: Едно чучнување го решава овој проблем (видео)

Погледнете како со една едноставна вежба можете да го решите проблемот кој можеби, одамна ве мачи.

Во Индија можете да видите мажи, жени и деца како различните активности на улица или во домот ги обавуваат во позиција на чучњеви. На нив тоа им е најприродната положба на телото, која не само што ги зајакнува нозете и ги отвора колковите, туку има и бројни други бенефити за здравјето.

Положбата чучњеви во древна Индија се применувала и како поттик за празнење на цревата. Тоа е поза која помага при констипација.

За жал, ако страдате од запек, лекарите на Запад не ви препорачуваат чучење, кое е природно и не чини ништо. Наместо тоа, попрво ќе ви дадат лаксативи или некои други лекови.

Ние сме нација навикната на седење на столици, софи, кревети, додека во положба на чучњеви можеме да ги видиме само малите деца. Како тоа на децата, токму како и на Индијците, тоа им е природна положба на телата, а на нас не ни е?

Исто така, треба да знаете дека „седечкиот“ начин на живот е еден од главните причинители за хроничен запек.

Со долготрајното седење мускулите на задникот и анусот стануваат се послаби, варењето на храната се забавува, цревата стануваат тромави и пасивни, и така се создаваат услови за појава на болните и непријатни хемороиди.

Затоа доколку сакате да ги спречите практикувајте ја оваа вежба која навистина многу помага. Доколку имате хемороиди или запек, освен оваа вежба применувајте и брзо одење секој ден барем 20 минути. Таа ќе ги зајакнете мускулите на задникот и анусот, а ослабените мускули доведуваат токму до тие болни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП