20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови тарифи наметна САД за увезени машини за перење и соларни панели

Нови тарифи наметна САД за увезени машини за перење и соларни панели

САД ги одобрија контроверзните тарифи за увезени машини за перење и соларни панели, објави Би-би-си. Тарифите се во рамки на трговската политика „Америка фрст“ од американскиот претседател Доналд Трамп, чија цел е заштита на локалното производство од странската конкуренција.

Со новите мерки најмногу ќе бидат погодени производителите од Кина и Јужна Кореја, кои го критикуваат чекорот на американскиот претседател.
Портпаролот на владата соопшти дека американската администрација секогаш ќе ги брани американските работници, земјоделци, ренџери и бизнисмени. Високи американски претставници предупредуваат дека ќе следат нови акции за спроведување на трговската политика.

Во говорот на Трамп за време на неговата инаугурација тој вети дека ќе ги заштити американските граници од другите земји, кои, како што рече американскиот претседател, ги преземаат американските производи, ги крадат американските компании и ги уништуваат работните места во САД.

Новиот потег на Трамп се оценува како најзначаен трговски чекор од неговата одлука да ги извлече САД од Договорот за транс-пацифичко партнерство (ТПП) и повторно да преговара за Договорот за слободна трговија на Северна Америка (НАФТА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП