20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на публикација за клучните автори во македонската мултимедијална уметност

Промоција на публикација за клучните автори во македонската мултимедијална уметност

Во просториите на галеријата „Остен“ в четврток (25 јануари) ќе се случи промоција на публикацијата „Визуелните уметности во Македонија – ХХ век / Книга 2: Мултимедијална уметност“.

Оваа публикација се фокусира на строгата селекција на авторите од визуелните уметности во ХХ век, кои ги обележуваат зародокот, развитокот и подемот на визуелната емпирија што ги изместува кодовите на вообичаените дисциплини во оваа сфера на творештво.

Акцентот е ставен на оние учесници во ликовното презентирање кои биле нагласено иновативни и поекспонирани на изложбите во државава и во странство, како аргументи подеднакво за нивната активност и вредносна стојност. Поконкретно, ова издание се фокусира на 42 творци родени во периодот од 1936 до 1974. Публикацијата е во издание на „Остен“, автор на текстот е Соња Абаџиева, а промотор на истата ќе биде Небојша Вилиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП