29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“

Со 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“

За сума од 4 милиони и 237 илјади денари без ДДВ или приближно 70 илјади евра, Министерството за здравство објави тендер за надградба и одржување на националниот систем за електронски евиденции во здравството, познат како „Мој термин“.

Во техничката спецификација пишува дека системот треба да се подобри со надградба на постојните и со нови модули, зголемување на извештаите од повеќе институции на системот.

Системот треба да го подобри „лесното и ефикасно ажурирање на податоците преку едноставниот и кориснички интерфејс на постојниот систем“, пишува во техничката спецификација. „Мој термин“ е воведен во 2011 година додека со Министерството за здравство, министеруваше Никола Тодоров.

Со надградба на системот се започнува во 2012 година, преку примена на „е-упат“ и „е-рецепт“. Системот го користат приближно 15 илјади корисници и над четири илјади установи. Набавката е за период од една година, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП