19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата за ноември 2017 изнесува 23.196 денари

Просечната нето-плата за ноември 2017 изнесува 23.196 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2017, изнесува 23 196 денари. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, изнесува 103.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Преработувачка индустрија (8.9%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8.7%) и
Земјоделство, шумарство и рибарство (7.6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.8%), Транспорт и складирање (5.9) и Стручни, научни и технички
дејности (4.3%).

Во ноември 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП