19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД веќе 25 години се посветува за почитување на човековите права во...

УСАИД веќе 25 години се посветува за почитување на човековите права во Македонија

Од својот почеток во 1993 УСАИД го поддржува владеењето на правото во Македонија. Првичната поддршка беше насочена кон градење капацитети на професионалните здруженија на правници (Здружението на судии, Адвокатската комора и Здружението на јавни обвинители), обезбедување клиничка едукација на студентите по право и поддршка на континуирана едукација за судиите.

Помеѓу 2002 и 2015 УСАИД соработуваше со судството и Министерството за правда во создавањето на законската регулатива за реформирање на судскиот систем, на зголемувањето на ефикасноста на судовите во решавањето на предметите, на автоматизирањето на судските постапки и на професионализацијата на судскиот персонал. Во последните неколку години фокусот на поддршката на УСАИД во областа на владеењето на правото се помести на промоцијата и заштитата на човековите права.

Во денешно време многу се зборува за човекови права, но не сите го разбираат концептот и значењето на овие права. Човековите права се стандарди што овозможуваат секој човек да живее достоинствено, слободно и да биде еднаков со другите. Секој поединец се стекнува со овие неотуѓиви права од раѓање. Човековите права се темелат на вредности како достоинство, правичност, еднаквост, почитување и независност. Тие не се само апстрактни концепти туку права дефинирани и заштитени со меѓународни декларации и конвенции, како и со националното законодавство во најголем број држави во светот. Во Македонија владеењето на правото и човековите права се темелни вредности на уставниот поредок.

Преку неколку проекти УСАИД се вклучи во заштитата и промовирањето на уставно загарантираните човекови права во Македонија и ја поддржа имплементацијата на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација.

Во моментот УСАИД има два активни проекти во областа на човековите права. Првиот има за цел да ја намали дискриминацијата на припадниците на ЛГБТИ заедницата во Македонија и да поттикне нивно рамноправно вклучување во општеството. Со овој проект за првпат во Македонија се отвори сигурна куќа која обезбедува сместување и психо-социјална поддршка на ранливи ЛГБТИ лица кои се отфрлени и изложени на насилство во своите семејства и заедници. Вториот проект го поддржува градењето капацитети на државните институции и граѓанските организации за почитување и заштита на човековите права на бегалците во склад со меѓународно усвоените стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП